Ракометарите на Алкалоид без апсолутно никакви проблеми дојдоа до 13-та победа сезонава во Суперлигата на Македонија, триумфирајќи на домашен терен против Куманово со убедливи 29-12.
Избраниците на Кирил Лазаров од стартот поведувајќи со 9-1, јасно дадоа до знаење кој е кој на мечот.
Уште по првото полувреме беше јасно кој ќе ја однесе победата, но вистинска немоќ на гостите беше демонстрирана во второто полувреме во кое постигнаа само три гола (15-3).
Гарбески, кој доби шанса на мечот од Лазаров, со шест гола беше најефикасен кај Алкалоид, а со исто толку погодоци заврши и Савревски, а еден помалку запиша Омерагиќ. Кај гостите Газмардија заврши со четири постигнати гола.
Алкалоид со 13 победи од исто толку натпревари дополнително се зацврсти на врвот од табелата во Групата А, пред Тиквеш и Охрид, додека Куманово остана на само една победа и едно реми во досегашниот тек од првенството и 11 порази, на претпоследната позиција, единствено пред РК Скопје 2020.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА