Алкалоид ја запиша и третата победа во плеј-офот од Суперлигата, славејќи со 33-30 (16-13) против Бутел Скопје во 5. коло од разигрувањето.
Дуелот почна израмнето се до 10-9 во финишот на полувремето, а потоа серија на Алкалоид за предност од 16-13 на полувремето.
Бутел се врати во игра на стартот од второто полувреме доаѓајќи до 17-17, но потоа повторно фаворитот наметна победнички ритам за конечна победа од 33-30.
Алкалоид беше предводен од Мартин Серафимов со 11 гола, а на спротивната страна исто толку погодоци постигна Филип Николов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА