Денеска во Скопје се игра ракометното дерби помеѓу Вардар и Алкалоид. Овој меч многу значи во битката за титулата во Првата лига, кое се води меѓу овие два тима, а тука е и Пелистер како еден од главните фаворити.
Овие мечеви секогаш предизвикувале посебно внимание, а од Алкалоид напоменуваат дека очекувањата се да има праведно и објективно судење, потсетувајќи се на настаните во Битола.
„После пласманот во полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп, екипата на РК „Алкалоид“ е спремна да го даде својот максимум вечерва. Одиме на победа, како и секогаш. Очекуваме голема борба, а арбитражата ќе биде повторно во рацете на парот Начевски-Николов, како и на претходното дерби во Битола. Се надеваме дека овој пат, ќе гледаме натпревар со праведно, непристрасно и објективно судење, без толерирање на набиени ребра и крвави носови.
Разбираме дека секој може да има лош ден, дури и еден од најдобрите судиски парови, но најважно е фер-плејот да биде ставен на прво место – и на теренот и во одлуките. Нашиот императив, како во бизнисот така и во спортот, е взаемното почитување, спортското витештво и интегритетот. Истото го очекуваме и од сите учесници на теренот“, рече Горан Минов, претседател на РК Алкалоид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА