Ракометарите на Алкалоид вечерва го одржаа и единствениот тренинг во Норвешка, во салата каде што утре ќе излезат на мегдан против Рунар Сандефјорд во реваншот од полуфиналето од ЕХФ Европскиот куп.
Македонскиот претставник има одлични пет гола предност од првиот меч во Скопје, но Рунар веќе покажа дека знае да одигра пеколен реванш откако во четвртфиналето го елиминираше Олимпијакос, што е јасно предупредување до Лазаров и неговите избраници дека до билет за финале може да се стигне само со стопроцентна игра во текот на сите 60 минути.
Атмосферата во тимот на „сино-белите“ е одлична, желбата да се продолжи со испишување историја е огромна кај сите ракометари…
Натпреварот меѓу Рунар и Сандефјорд се игра утре со почеток во 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА