Алкалоид на убедлив начин со доминантна победа над Охрид се ‘збогуваше’ од своите навивачи во Автокоманда

Ракометарите на Алкалоид на убедлив начин ги завршија настапите на домашен терен сезонава во плејофот од Суперлигата на Македонија.

Во претпоследното коло од шампионатот Алкалоид славеше доминантна победа над ГРК Охрид од 33-24.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Максим Гарбески со осум гола, а Иван Џонов мечот го заврши со шест постигнати гола. Винициус беше најдобар кај Охрид со девет постигнати погодоци.

Во последното коло од Суперлигата, Алкалоид ќе гостува на РК Бутел Скопје.

Се вчитува...