Екипата на Алкалоид оствари историски успех закитувајќи се со трофејот во ЕХФ Европскиот куп, по што амбициозниот клуб од Автокоманда се реши за чекор напред во однос на лани и аплицирање за место во ЕХФ Лигата на Европа.
„Сино-белите“ се надеваа на место директно во групната фаза, но ЕХФ се реши за идентичен рецепт како и лани, кога шампионот на ЕХФ Купот беше сместен смао во квалификациите за Лигата на Европа. Европската куќа на ракометот попладнево ја објави и листата на носители во пресрет на ждрепката, во која македонскиот состав се наоѓа меѓу непривилигираните екипи.
Од вкупно 24 клуба, 22 се поделени на носители и неносители (Алкалоид е дел од втората група), додека ЕХФ одлучи Партизан и Карвина во директен двомеч да решаваат за место во групната фаза од ЛЕ.
Ждрепката е закажана за 15 јули, а потенцијални ривали на Алкалоид во оваа квалификациска рунда се: Хановер (Германија), Маритимо (Португалија), Торелавега (Шпанија), Берн (Швајцарија), Малме (Шведска), Чобри Глогов (Полска), Горење (Словенија), Брага (Португалија) и Стјарнан (Исланд).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

