Алкалоид не запира, лесна победа против Бисинов за шест триумфи во низа

Алкалоид ја забележа шесттата победа во низа во ракометната Суперлига славејќи со 42-30 против Бисинов во последниот натпревар од 18. коло.

Избраниците на Кирил Лазаров фаворитската улога ја потврдија од самиот старт на средбата преку игра во серии за предност од 23-16 на полувремето. Работите не се променија ниту во вторите 30. минута, нападот на Алкалоид функционираше одлично па до крајот на средбата беа постигнати 42 поени.

Ивановски со 11 голови беше прво име кај Алкалоид, пет голови постигна Митев, а по четири додадоа Савревски, Петковски, и Џонов. Со по шест голови кај Бисинов лидери беа Трифуноски и Миланов.

Се вчитува...