Ракометарите на Алкалоид викендов стартуваат со предизвиците на европската сцена во новата сезона.
Алкалоид од денеска е во Хановер каде утре го очекува дуелот против Хановер Бургдорф во Европската лига на ЕХФ.
„Пристигнавме во Германија и тимт е подготвен за првиот меч со РК Хановер Бургдорф во Европската лига на ЕХФ! Дуелот на двете екипи ќе можете да го следите во живо на каналот на МРТ 1, утре (недела) со почеток од 17 часот!“ – информираат од РК Алкалоид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

