Алкалоид подобар од Нексе во контролен натпревар

Македонскиот вицепрвак Алкалоид го одигра својот прв контролен натпревар во рамки на подготовките што клубот ги одработува во Стара Пазова. Алкалоид славеше над хрватскиот Нексе со 29-27.

Алкалоид клучната разлика ја направи во финишот на првото полувреме кога со серија од 5-0 стигна до водство од 15-10, а на полувреме се замина со резултат 15-11 за македонскиот тим.
Во второто полувреме Алкалоид на неколку наврати имаше и највисоки плус шест, а до крајот го исконтролира мечот за конечни 29-27. Давид Савревски со пет гола, Марко Митев и Игор Ѓоргиев со по четири и Иван Џонов и Марко Стојковиќ со по три гола беа најефикасните играчи во редовите на Алкалоид. Утре, Алкалоид и Нексе ќе одиграат уште еден контролен натпревар.

Победа во контролен дуел славеше и Еурофарм Пелистер 2 кој беше подабр од Струга со 33-27. Бутел Скопје забележа победа со 29-26 против екипата на Куманово.

Се вчитува...