Ракометарите на Алкалоид попладнево полетаа за Данска, каде во вторник ги очекува четвртиот дуел во дебитантската сезона од Европската лига на ЕХФ.
Македонскиот вицепрвак за ривал ќе го има Силкеборг, тим од кој по голема борба беше поразен во Скопје, а избраниците на Кире Лазаров се надеваат на уште едно добро гостинско издание откако во првиот меч надвор од Скопје тимот на Алкалоид стигна до реми во Шпанија против Ла Риоха.
Дуелот во салата „JYSK Arena“ е закажан во вторник со почеток од 20:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА