Македонскиот ракометен вицешампион откако вчера славеше над Нексе денеска во вториот контролен меч против хрватскиот клуб загуби со минимални 30-29.
Македонскиот тим одигра одлично во поголемиот дел од мечот, а на полувреме имаше и плус пет 19-14, но падот во второто полувреме на крајот значеше и пораз за избраниците на Кирил Лазаров.
Митев со седум гола беше прво име во таборот на нашиот клуб, додека четири постигна Младеновиќ.
РК АЛКАЛОИД – РК НЕКСЕ 29:30 (19-14)
Спортски центар во Стара Пазова
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Трајковски, Маркоски 1, Џонов 2, Младеновиќ 4, Серафимов 3, Карасманакис, Стојковиќ 1, М. Митев 7, Ѓоргиев 3, Велковски, Омерагиќ 2, Бинго 3, Кофилоски, Д. Митев, Савревски 3
Седмерци: 7/8 Исклучувања: 10 мин.
РК НЕКСЕ: Цар, Кузмановиќ, Рачиќ 4, Ракиќ 2, Мромин 5, Весин 4, Сршен 1, Мославац, Манци-Мичевиќ, Велкаврх 1, Безјак 4, Штрлек 2, Мошчаниќ, Цениќ, Цомен 4
Седмерци: 5/6 Исклучувања: 10 мин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА