Ракометарите на македонскиот суперлигаш Алкалоид реваншот во финалето на ЕХФ купот ќе го играат на домашен терен одлучи денешната ждрепка во седиштето на Европската куќа на ракометот во Виена.
Двата финални меча ќе се играат на 18/19 мај односно една седмица подоцна. На првиот како што одлучи денешната ждрепка домаќин ќе биде АЕК, додека реваншот ќе се одигра во Скопје.
Алкалоид има шанса да испише историја и да дојде до првиот меѓународен трофеј само неколку сезони од стартот на постоењето на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

