Алкалоид преку Прилеп ја продолжи победничката серија во Супер-лигата

Ракометарите на Алкалоид во рамките од осмото коло ја продолжија победничката серија во Супер-лигата, овојпат триумфирајќи на домашен терен над Прилеп со резултат 37-22.

Избраниците на Кире Лазаров рутински ја оправдаа фаворитската улога, па уште во првото полувреме одиграа супериорно во нападот и одбраната, по што на пауза заминаа со високи 19-12.

Второто полувреме мина во рутинско одржување на убедливата предност на Алкалоид, за конечен триумф од „плус 15“ за тимот од Скопје.

Александар Петковски со шест погодоци беше најефикасен во таборот на Алкалоид, додека на спротивната страна се истакна Пеце Ѓоргиевски со девет гола.

Се вчитува...