Алкалоид промовираше четири засилувања: Репрезентативците Костески и Кизиќ, но и Португалецот Франциско (ФОТО)

РК Алкалоид стартувајќи ги подготовките за својата трета суперлигашка сезона во која ќе биде и македонски претставник во ЕХФ Куп натпреварувањето на европската сцена, и официјално промовира четири нови ракометари во ростерот за престојната сезона.

Никола Костески, искусен македонски репрезентативец ќе ја засили позицијата десно крило. Костески има 31 година и во Македонија се враќа по седум години меѓународна кариера во која настапуваше за екипите на Селка Ескишехир од Турција, Татран Прешов од Словачка, Линц и Холабрун од Австрија и последно, Талент Плзењ од Чешка.

Ново засилување е и репрезентативниот голман на Македонија, Марко Кизиќ. Тој има 23 години, неспорен квалитет, солидно искуство и годинава ќе биде додадена вредност во одбраната на Алкалоид.

По забележителни настапи и остварениот играчки напредок во екипата на РК Мулти Есенс минатата сезона, во тимот на РК Алкалоид доаѓа и десниот бек Михаил Иваноски.

Четвртото засилување е ракометар кој игра на позициите среден и лев бек. Франциско Оливеира да Силва, 25 годишен португалски играч ќе ја комплетира бековската позиција. Тој е ракометар кој потекнува од ракометниот клуб Брага каде што играше од 2011 до 2020 година. Потоа настапуваше за екипите на Виториа, во 2022 играше за шпанската екипа Гвадалахара, а во 2023 во унгарскиот тим Егер од каде што доаѓа во РК Алкалоид.

Се вчитува...