Алкалоид против литванска Клаипеда, Охрид со Потаиса, Тиквеш против грчки Бјанко Монте

Освојувачот на Купот на Македонија, Алкалоид за противник во второто квалификациско коло од ЕХФ купот ќе го има Драгунас Клаипеда од Литванија.

Вториот претставник на Македонија во второто коло од ЕХФ купот, ГРК Охрид за противник ќе ја има романската Потаиса Турда.

Kaвадаречки Тиквеш за противник во првото коло oд истото натпреварување за противник ќе го има грчкиот Бјанко Монте од Драма. Првиот натпревар ќе се игра на 14 или 15 септември во Грција, додека реваншот е закажан за седум дена подоцна во Кавадарци.

Кај дамите Металург Автокоманда за противник го доби турскиот претставник Гореле, додека луксембуршкиот Кержинг ќе биде противник на ЖРК Чаир. Првите натпревари ќе се играат на 5. и 6. октомври годинава, додека реваншите се закажани за една недела подоцна.

Се вчитува...