Алкалоид ремизираше со Нови Бор, Медњи Всадник е пред освојување на европската круна

Шахистите на Алкалоид одиграа меч без победник (3-3) против чешкиот Нови Бор во претпоследното коло на Европскиот клупски куп кој се игра во Струга.

Партиите на сите шест табли од пресметката меѓу Алкалоид и Нови Бор завршија без победник.

Рускиот Медњи Всадник, кој е второрангиран според поединечниот рејтинг, триумфираше со 3,5-2,5 против шпанска Валенсија со што е само на чекор од освојување на европската круна пред последното коло.

Алкалоид по денешното реми, со вкупно 9 бода е на делба на четвртата позиција, се уште со можност во последното коло да дојде до посакуваниот врв.

Во македонската пресметка, од 6. коло, Прилеп славеше со 3,5-2,5 против Гамбит Асеко.

На едно коло пред крајот Прилеп со 8 бода е на делба на седмото место, додека Гамбит Асеко е со 6 бода на делба на 16. место. Гостивар има 4 бода на делба на 27. место во конкуренција на 38 екипи на Европскиот клупски куп.

Се вчитува...