Алкалоид триумфално го почна вториот дел од Супер-лигата откако тимот предводен од Кире Лазаров славеше на домашен терен над Пролет со резултат . Гостинскиот тим и подмладен сосема солидно парираше едно полувреме, но Алкалоид ја потврди разликата во квалитет и рутински прокнижи нови бодови.
Дуелот беше израмнет до 6-6, откако гостите ги одиграа првите десет минути „гол за гол“ со фаворитот. „Сино-белите“ од Автокоманда сепак набрзо се одлепија, поведоа со 9-6 и 11-7, но Пролет повторно возврати преполовувајќи ја негативата на 12-10. На одмор се замина со 17-14 со погодокот што во самиот финиш од првото полувреме, а домаќините потоа и го отворија вториот дел со гол на новото засилување Филип Николов. Предноста на фаворитот се зголемуваше како што одминуваше времето и во 44. минута преку Николов фаворитот стигна до првото двоцифрено водство (28-18).
Мајнов повторно им даде шанса на помладите ракометари кои сосема солидно се снајдоа, не дозволувајќи разликата дополнително да се зголеми, меѓу стрелците се запишаа и Ѓорчески и Крстески, прецизен повторно беше и Лешниковски, за овој дуел на крајот да заврши со конечни 37-29 за Алкалоид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

