Екипата на Алкалоид дојде до вториот триумф во Супер-лигата, откако славеше на гостувањето во Радовиш со 35-23. Триумфот на избраниците на Кире Лазаров во ниту еден момент не беше доведен во прашање.
Уште на стартот од мечот ја презедоа контролата, и поведоа со 6-3, па во еден момент и со 16-9. Радовиш се обиде да се врати, и делумно успеа во тоа, затоа што на полувремето замина со негатива од пет олови.
Домашните имаа сила само некаде до средината на вториот дел, кога држеа ритам со противникот, но во финишот Алкалоид за игра посериозно, и на крајот славеше убедлива победа.
Тордарсон кај победничкиот тим беше најефикасен со шест гола, додека Постолов кај Радовиш постигна осум.
Во вториот меч кој се играше во исто време, Е.Пелистер 2 е поразен од Охрид со 22-25. Иако домашниот тим даде силен отпор, сепак, на крајот охриѓани успеаја да слават. Во еден момент Е.Пелистер имаше и минус еден, меѓутоа на крајот Охриѓани дојдоа до победата благодарение на поголемата концентрација во финишот на мечот.
Девет гола постигна Дарко Ѓукиќ кај победничкиот тим, додека исто толку кај Охрид даде Мохамед Азиз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

