Алкалоид без апсолутно никакви проблеми триумфираше убедливо со 27-41 на гостувањето против Куманово во 21. коло од Суперлигата на Македонија.
Избраниците на Кирил Лазаров ја демонстрираа сета своја надмоќ во однос на противникот уште во првото полувреме кое го добија со девет гола разлика (10-19).
Во второто полувреме се продолжи во ист стил за лесна конечна победа. Кај Алкалоид предводеше Александар Петковски со дури 13 постигнати голови, а кај домашните девет погодоци запиша Филип Џанкарло Хен.
Во последното коло од регуларниот дел на сезоната Алкалоид ќе го пречека Охрид, а Куманово ќе гостува на Радовиш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

