Алкалоид се раздели со Кофилоски и Василевски

РК Алкалоид со прес-конференција денеска ја заокружи успешната сезона во која најмладиот ракометен колектив во Македонија стигна и до првиот трофеј откако го освои националниот Куп на Македонија.

На денешниот прес освојувачот на Купот на Македонија, се поздрави со двајца свои ракометари кои следната сезона нема да го носат дресот на тимот од Автокоманда. Се работи за Дарио Кофилоски и Никола Василевски. Левото крило и голманот си заминуваат од Автокоманда и кариерата ќе ја продолжат на друго место.

По тој повод директорот на клубот Горан Минов им врачи врамени дресови.

 

 

Се вчитува...