Ракометарите на Алкалоид првпат победија во плеј-офот во Суперлигата, откако денеска на свој терен го совладаа тимот на Тиквеш со 34-27 (полувреме 16-12).
Домашниот тим пред својата публика дојде до оваа победа благодарение на одличната игра во вториот дел. Избраниците на Грчевски добро парираа во првиот дел, но немаа сили за иста игра и во вториот дел, па мораа да се помират со поразот.
Најефикасни во победничката екипа беа Мартин Серафимов и Дамјан Митов со по шест гола, а по пет дадоа Бинго и Петковски. Кај поразениот тим со по сеум голови најдобри беа Кривокапиќ и Обина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА