Алкалоид со +5 на полувреме, Ангеловски лут на ракометарите: Свести се, алооо! (ВИДЕО)

Ракометарите на Алкалоид има предност од +5 голови разлика (19-14) во дуелот од Супер-Купот на Македонија кој се игра во Гевгелија.

Шампионот од Битола има големи проблеми, па поради тоа мораше да повикува два тајм-аути за само пет минути Бранислав Ангеловски, а особено лут беше на вториот на својот тим.

„Немој во шест метри правиш финта, фрлаш топка во аут. Одбрана имаме проблем. Осум гола ви даваат во контра, полуконтра, свести се алоооо“, рече Ангеловски на тајм-аут.

Веднаш потоа уште еден проблем за Е.Пелистер беше исклучувањето на Филип Кузмановски, кој доби црвен и син картон.

Се вчитува...