Ракометарите на Алкалоид го играат првиот четвртфинален меч во ракометниот Европски куп против Баја Маре од Романија. На полувреме, избраниците на Кире Лазаров имаат негатива од три голови, откако романскиот тим води со 19-15.
Освен предноста од 0-1 во почетните мигови од мечот, во текот на целото полувреме домаќинот имаше водство. Последен пат Алкалоид имаше „егал“ кога беше 11-11, а тогаш Баја Маре поконцетрирани во финишот, се стекнаа со добра предност. Баја Маре влезе во добра серија, и на крајот заминуваат со четири погодоци на пауза.
Петковски кај македонскиот претставник беше најефикасен по првиот дел со четири голови, додека три има Оливеира. По три голови имаат неколку играчи на Баја Мара меѓу кои Наќ, Кумпаничи, Далин и Бурзак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА