Македонскиот претставник во квалификациите за Европската лига, Алклоид има негатива од десет голови по првиот натпревар од двомечот против фаворизираниот Хановер. Германците ја потврдија фаворитската улога, беа подобар протвнико во најголемиот дел од средбата и славеа над избраниците на Кирил Лазаров со 37-27.
По изедначениот страт на средбата во кој и покрај тоа што домаќинот ја одржуваше минималната позитива, а скопскиот состав успевеше да стигне до изедначувања па дури и да поведе со 8-9 следеше подобра игра на Хановер во самата завршница на првото полувреме. Пресудна беше серија од 3-0 која на германските ракометари им донесе предност од четири голови на полувремето (19-15).
Односот на силите не се промени ниту во второто полувреме во кое Хановер со подобра игра на двата дела од теренот полека ја зголемуваше предноста која на крајот на средбата страна и двоцифрена.
Тордарсон со 10 голови беше лидер на Алкалоид, а него го следеше Борзаш со четириголви. Штајнхаузер постигна 11 голови за Хановер, пред Ушинс кој средбата ја заврши со осум голови.
Убедлив беше и голманот Биркел кој забележа 18 интервенции, наспроти Кизиќ и Галевски кои забележаа по девет одбрани.
Реваншот ќе се одигра за седум дена во салата „Автокоманда“ во главниот град.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

