Алкалоид прокнижи нови бодови на суперлигашката табела откако на гостински терен го совлада тимот на Куманово со убедливи 21-35. Избраниците на Кире Лазаров ја оправдаа фаворитската улога, а убедливата предност му овозможи на стратегот на Алкалоид да им даде шанса на сите ракометари да ги покажат своите квалитети (со исклучок на искусниот Никола Маркоски, кој доби заслужен одмор).
Серафимов и Тордарсон отворија на самиот почеток за 0-2, предноста на Алкалоид растеше, па на половина од првото полувреме гостите од Скопје веќе водеа со 4-10. Серафимов постигна нов гол пред самиот крај на полувремето и на одмор се замина со 10-17, а на самиот почеток од вториот прецизен за Алкалоид беше и Емилијан Ѓорговски. Двата кога во низа на Костески го донесоа и првото двоцифрено водство на мечот (15-25), по што гостинскиот тим дополнително ја зголеми предноста до самиот крај и конечните „плус 14“.
Серафимов ги предводеше стрелците на Алкалоид со осум гола, по пет постигнаа Костески, Ѓорговски и Тордарсон, додека прво име во таборот на Куманово беше Цековски со пет погодоци без ниту едно промашување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

