Ракометниот клуб Алкалоид вечерва го игра историското финале во ЕХФ Европскиот куп против грчки АЕК, меч на кој тимот на Кире Лазаров е многу блиску до кревање на пехарот откако славеше на првиот меч во Атина со четири гола предност.
Салата „Борис Трајковски“ ќе биде исполнета до последно место, а раководството на РК Алкалоид преку порака на социјалните мрежи апелираше до навивачите навреме да дојдат и да ги заземат своите места во арената.
РК Алкалоид ги информира посетителите на финалето против РК АЕК од Атина во Европскиот Куп на ЕХФ дека влезовите на СЦ „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени во 18:45 часот и ќе се затвораат во 20:00 часот!
⚠️👉 Се молат сите посетители да дојдат во сала навремено, со цел да се избегне метеж при влезот, како и при стандардната проверка на билетите!
👋🥳 Се гледаме во сала! Заедно да го бодриме нашиот тим коректно и достоинствено, да уживаме во ракометниот празник и да навиваме за РК Алкалоид!🇲🇰
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

