Ракометарите на Алкалоид го добија денешниот дерби дуел против Бутел со 22:19 во Автокоманда и така останаа во игра за титулата во македонската супер лига.
Алкалоид во првиот дел речиси цело време беше во предност, и го доби со 12-8. Меѓутоа Бутел успеа да се врати во вториот дел и така во последните 15 минути се влезе во „егал“.
И покрај неколкуте тензии на теренот, сепак, избраниците на Кире Лазаров во финишот имаа посилни нерви и така направија разлика која стана недостижна за Бутел.
Добрите одбрани на Благојче Трајковски во вториот дел беа решавачки за победникот. Трајковски на крајот собра 16 одбрани. Најефикасен на мечот беше Мартин Серафимов со шест гола, и сите од пенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА