Алкалоид со признанија и благоданици за тројца ракометари кои заминуваат од клубот (ФОТО)

Алкалоид денеска го игра претпоследниот свој натпревар сезонава во Суперлигата на Македонија против Охрид.

Пред почетокот на дуелот во Автокоманда, тројца ракометари на Алкалоид добија посебни благодарници од клубот за досегашната соработка.

Благојче Трајкоски, Давид Савревски и Франциско Оливеира Силва се ракометарите кои заминуваат од клубот на крајот на сезоната. Алкалоид, во знак на признание за целокупниот досегашен допринос за клубот, им подари посебни признанија за спомен.

Се вчитува...