Алкалоид со триумф над Сесвете

РК Алкалоид го совлада тимот на Сесвете со резултат 29:28 на својот трет контролен натпревар одигран како дел од турнејата во Хрватска и подотовките за новата сеона. Цврстиот домашен состав кој минатата сезона го освои третото место во првенството на Хрватска беше добар предизвик за македонскиот првак, а тренерот Кирил Лазаров имаше можност да ги испроба ракометарите против мотивирана и квалитетна екипа која до последен момент се бореше да остане непоразена.

Алкалои резултатски натпреварот го прекрши на 12 минути до крајот, кога прв пат поведе со три гола разлика (26:23). Потоа, успеа да се одбрани од обидите на домаќините да израмнат и запиша минимална победа. Арно Бинго со седум погодоци беше најефикасен, Мартин Серафимов беше стрелец на шест погодоци.

РК Алкалоид утре ќе го одигра последниот меч, против РК Добова од Словенија, по што се враќа назад во Македонија.

МРК СЕСВЕТЕ – РК АЛКАЛОИД 28:29 (16:15)

МРК СЕСВЕТЕ: Топиќ 2, Томиќ 1, Финек 1, Штрковиќ 3, Јеловчиќ 2, Чук 1, Турчиќ 2, Думенчиќ 3, Годец 4, Гавриќ 1, Хршак 8, Прпиќ, Шукер

РК АЛКАЛОИД: Ромеро, Трајковски, Галевски, Маркоски 1, Савревски 1, Д. Митев 1, Ѓоргиев 1, М. Митев 3, Џонов 1, Стојковиќ 3, Серафимов 6, Стојков 3, Бинго 7, Младеновиќ 2, Омерагиќ, Стојчевиќ, Кофилоски.

Се вчитува...