Ракометарите на Алкалоид ја запишаа и четвртата победа во шестиот натпревар од плејофот во Суперлигата на Македонија, триумфирајќи со 20-23 (12-12) на гостувањето против Бутел.
По израмнето прво полувреме, Алкалоид доминираше во втората половина на второто полувреме на крајот заслужено доаѓајќи до бодовите.
Се до 40. минута беше израмнет натпревар, со игра гол за гол, за да потоа пресуди квалитетот на гостите кои дојдоа до конечна победа.
Филип Николов со девет постигнати гола беше убедливо најдобриот поединец кај Бутел, а Марко Митев и Мартин Серафимов со по пет погодоци беа најефикасните кај Алкалоид, кој сега со четири победи се израмни на делба на втората позиција со екипите на Охрид и на Тиквеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА