Ракометарите на Алкалоид забележаа нова победа во домашниот шампионат откако вечерва без никакви проблеми славеа против МРК Куманово со убедливи 42-25 во меч од 17. коло од Суперлигата на Македонија.
Домаќините уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе на полувреме имаа сигурна предност од 20-12. Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечен триумф на „фармацевтите“ од 42-25.
Дури тројца ракометари кај победникот постигнаа по шест гола (Серафимов, Борзаш и Петковски), додека кај поразените Александар Стојков постигна пет гола.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

