Алкалоид во Норвешка брка финале во ЕХФ Купот…, пренос во живо само на социјалните мрежи!

Ракометарите на Алкалоид вечерва од 17 часот ги очекува реванш-пресметката со Рунар Сандерфјорд во Норвешка во полуфиналето од ЕХФ Европскиот куп.

Македонскиот претставник има одлични пет гола предност од првиот меч во Скопје, но Рунар веќе покажа дека знае да одигра пеколен ракомет и по негатива, откако во четвртфиналето го елиминираше Олимпијакос, што е јасно предупредување до Лазаров и неговите избраници дека до билет за финале може да се стигне само со 100% игра во текот на сите 60 минути.

Атмосферата во тимот на „сино-белите“ е одлична, желбата да се продолжи со испишување историја е огромна кај сите ракометари…, со надеж дека македонскиот тим на крај ќе игра финале на европската сцена!

Од дуелот меѓу Рунар и Алкалоид нема да има ТВ-пренос, но истиот ќе може во живо да се следи на социјалните мрежи, со директен пренос на клупскиот канал на Рунар Сандефјорд.

Се вчитува...