Алкантара на само 33 години ја заврши кариерата!

Шпанскиот фудбалер Тиаго Алкантара на само 33 години ја заврши професоналната кариера.

На шпанскиот фудбалер за врска му заврши договорот со Ливерпул и како што самиот изјави не сака повеќе да продолжи со фудбалот. Тој го остава фудбалот поради континуираните проблеми со повредите.

Поради повредите не беше константно член на првиот тим кај Јирген Клоп, а минатата сезона одигра само пет минути во еден меч.

Алкантара кариерата ја почна во Барселона, од каде се пресели во Баерн Минхен во 2013 година, за да кариерата ја заврши во Ливерпул. Со Баерн дури седум пати беше шампион на Германија, и еднаш шампион на Европа. Со Барселона, исто така беше европски шампион, и четири пати шампион на Шпанија, а со Ливерпул има Лига куп од 2022 година. Има и 46 настапи за шпанската репрезентација, и два постигнати гола.

Се вчитува...