Алкарас: Целта е да бидам што поблиску до Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карло Алкарас, размислува да се врати на чело на АТП листата. Шпанецот ја намали разликата во однос на најдобриот Новак Ѓоковиќ, кој сега има 2.830 поени повеќе.

Српскиот ас до крајот на сезоната ќе игра во Берси, каде што ќе го брани финалето, како и мастерсот во Торино, кој го освои без пораз во екот на минатата година. На истите турнири ќе игра и АЛкарас.

„Ќе се обидеме да работиме добро, и да бидам што поблиску до Новак Ѓоковиќ“, изјави Алакрас после елиминацијата од Јаник Синер.

И покрај ситната повреда која ја влечеше, Шпанецот кажа дека повредата не е сериозна.

Се вчитува...