Алкараз беснее како никогаш досега (ВИДЕО)

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз беше лут затоа што нема приватност на тренингот. Алкараз покажуваше во правец на камерата кон својот агент за време на загревањето на еден од терените на Отвореното првенство на САД.

Сите терени се покриени со камери и микрофони, што ја нарушува подготовката на играчите, според Алкараз. Карлитос очигледно коментира дека камерата снима сè, дури и доверливи разговори за ривалите, тактиките и други работи.

Алкараз ќе го започне Отвореното првенство на САД против Рајли Опелка. Тој ќе се обиде да го подобри резултатот од минатата сезона, кога веќе беше елиминиран во второто коло од Ботик ван де Зандшулп.

Се вчитува...