Италијанскиот тенисер Матео Беретини се повлече од Мастерсот во Париз поради повреда, па Карлос Алкараз се пласираше во четвртфиналето без борба.
Беретини требаше да се соочи со Шпанецот во осминафиналето, но поради повреда на рамото беше принуден да се откаже од натпреварот без воопшто да излезе на теренот. Така, Алкараз доби неочекуван слободен ден и се најде меѓу најдобрите осум без да одигра натпревар.
По еден ден одмор, Карлитос во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Артур Фис и Тејлор Фриц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
