Алкараз без проблем до 1/4 финале на УС Опен

Карлос Алкараз ја потврди фаворитската улога во мечот против Артур Риндеркнех и со трумф од 3-0 се пласираше во четвртфиналето на последниот грен-слем турнир во сезоната – УС Опен.

Младиот Шпанец го доби првиот сет по тај-брејк со 7-6(7-3), а беше поубедив во крајот на мечот славејќи со 6-3 и 6-4.

Во четвртфиналето Алкараз силите ќе си ги одмори со Лехечка кој претходно славеше против Манарино со 3-1.

Се вчитува...