Првиот тенисер во светот, Карлос Алкараз рутински ја помина првата пречка на последниот АТП мастерс турнир од серијата 1000 кој се игра во „Берси арената“ во Париз.
Шпанецот во 2. коло славеше над Јапонецот, Јошито Нишиока со максимални 2-0, по сетови 6-4 и 6-4. Во осминафиналето Алкараз ќе игра против подобриот од дуелот меѓу бугарскиот тенисер Григор Димитров и Италијанецот, Фабио Фоњини.
Во осминафиналето се пласираше и Феликс Оже Алиасим кој беше подобар во три сета од Швеѓанецот Михаел Имер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

