Алкараз без проблеми, крај за Сабаленка во Мајами

Една од најдобрата тенисерка на денешницата, Арина Сабаленка кој поминува тешки мигови во животот по смртта на своето поранешно момче, го заврши настапот на ВТА турнирот во Мајами.

Белорусинката доцна синоќа во 1/16 финаелето на турнирот во Флорида, загуби по голема борба од Украинката, Анелина Калинскаја со 2-1, по сетови 6-4, 1-6 и 6-1. Калинина во следното коло ќе се сретне со Јулија Путинцева од Казахстан.

Во осминафиналето на турнирот се пласираа и: финалистката од Индијан Велс, Марија Сакари, Елена Рибакина, Медисон Кис…

Во машкиот дел од турнирот, првиот носител Карлос Алкараз со убедлив триумф над сонародникот Карбалес Баена (6-2, 6-1) го почна нападот на титулата во Мајами. Пласман понатаму обезбедија и: Зверев, Хачанов, Нори, Корда…

Се вчитува...