Разделбата меѓу Хуан Карлос Фереро и Карлос Алкараз, и натаму ги бранува водите во тенискиот свет. Тренерот даде своја изјава во која кажа дека парите не биле причината за разделбата, и дека ниту тој самиот не сметал дека ќе прекине соработката.
Марион Бартоли, шампионската на Вимблдон од 2013 година, предупредува за ризикот на шпанскиот тенисер да го изгуби патот кон ѕвездите по разделбата.
„Загрижена сум, иако тој има квалитети уште од самиот почеток на кариерата. Но, му треба структура, затоа што може да заврши со тенисот на 25 години, како Борг. Имаме гениј тука, затоа не го сакаме тоа сценарио. Сакаме тој да продолжи уште долго, долго време“, изјави Бартоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

