Алкараз: „Би сакал да можев да го разубедам Надал…, но одлуката е веќе донесена“

Пред настапот на АТП турнирот во Торино, Карлос Алкараз зборуваше и на темата околу повлекувањето на Рафаел Надал од тенисот.

Добро е познато дека идол на Алкараз е токму Надал, кој веќе е познато дека последниот свој тениски меч во кариерата ќе го одигра на финалниот турнир од Дејвис купот во Малага.

„Би сакл да можев да го разубедам Надал од повлекување, но не го направив тоа. Знам дека одлуката веќе е донесена. Го прашав само дали му беше тежок ден кога го објави повлекувањето, затоа што ми беше јасно дека е тешко да се донесе таква одлука. Одговори потврдно, но мислам дека тоа е одлука која ја донесе многу внимателно. Му беше тешко поради семејството, тимот, навивачите“ – вели Алкараз.

Се вчитува...