Новак Ѓоковиќ за прв пат по полуфиналето на Ролан Гарос се сретна со Карлос Алкараз.
На неколку дена пред почетокот на Вимблдон, српскиот тенисер имаше средба со својот најголем ривал во моментов.
Ѓоковиќ и Алкараз имаа краток разговор во фитнес центарот на терените на „Ол-ингланд“ клубот по што двајцата тенисери заминаа на тренинг.
Алкараз им пријде на Новак и неговиот тим, а од фотографиите се гледа дека тоа било срдечна средба и пријатен разговор меѓу Шпанецот и Србинот.
👁️ 💜🌱@DjokerNole 🤗 @carlosalcaraz pic.twitter.com/mFSwDI9elZ
— TRAVEL&Sp🎾rts (@travel__Sports) June 29, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

