Алкараз експресно до четвртфинале во Монте Карло

Еден од најдобрите тенисери на денешницата, Карлос Алкараз на експресен начин стигна до четвртфинале на првиот Мастерс 1000 турнир на земјена подлога во Монте Карло.

Шпанецот во осминафиналето во кнежевството беше убедлив против Даниел Алтмаер од Германија со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-1.

Во четвртфиналето Алкараз за противник ќе го има Артур Фис од Франција кој беше подобар од Андреј Рубљов.

Се вчитува...