Алкараз „експресно“ до осминафинале во Мајами

Најдобриот тенисер во светот Карлос Алкараз продолжува со одличните партии сезонава. По титулата во Индијан Велс, Шпанецот продолжува да ги гази своите противници и на мастерсот во Мајами.

Тој во 3. коло го прегази Србинот, Душан Лајовиќ со максимални 2-0, по сетови 6-0 и 7-6. Алкараз во првиот сет не му дозволи ниту еден гејм на својот противник. Во осминафиналето шпанскиот тенисер за противник ќе го има домашниот ас Томи Пол.

Пласман во осминафиналето денеска обезбедија и: Тејлор Фриц, Холгер Руне и Андреј Рубљов.

Се вчитува...