Алкараз емотивно: Многу луѓе ме мразеа

2025 година во светот на тенисот е година на Карлос Алкараз, младиот шпански тенисер кој освои четири титули (Монте Карло, Рим, Ролан Гарос и Квинс) на последните пет турнири (настапи и во финалето во Барселона).

Со последниот триумф во Лондон, Алкараз дополнително ја намали предноста во однос на Јаник Синер на АТП ранг-листата, а со оглед на тоа што Италијанецот го очекува и тешка задача да ги задржи поените освоени во минатата година голема е веројатноста дека ќе дојде до промена на врвот.

По победата во Квинс, 22-годишникот ја „отвори душата“ говорејќи за проблемите со кои се соочил по елиминацијата во првото коло на турнирот во Мајами, неговиот најлош резултат во сезоната.

„Морав да издржам многу пораки со омраза по неуспехот во Мајами. Наместо да тренирам одлучив да земам одмор и со семејството да одам во Канкун. Тоа испровоцира многумина да ми праќаат погрдни поради. Се прашуваа што е со овој дечко. Го загуби првиот меч, зошто не тренира? Но, мене ми беше неопходно да имам одмор од пет, шест дена со семејството. И така и направив. Ми се врати задоволството за играње, повторно уживив во тенисот“, изјави Алкараз.

Се вчитува...