Алкараз фуриозно до четвртфинале на Ролан Гарос

Првиот тенисер во светот, Карлос Алкараз на фуриозен начин се пласираше во четвртфиналето на вториот гранд-слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.

Шпанецот во осминафиналето иако беше најавувано како дерби на денот, го понижи Италијанецот, Лоренцо Музети совладувајќи го со максимални 3-0, по сетови 6-3, 6-2 и 6-2.

Во четвртфиналето Алкараз за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Гркот, Стефанос Циципас и Австриецот, Себастијан Офнер.

Се вчитува...