Алкараз го доби шпанскиот дуел за финале во Монте Карло

Карлос Алкараз е првиот финалист на мастерсот во Монте Карло откако младиот тенисер ја доби шпанската пресметка против Алехандро Давидовиќ Фокина со 2-0 (7-6, 6-4).

Првиот сет беше одлучен по тај-брејк кој му припадна на помладиот Шпанец со 7-2 по што следеше поубедлива игра од Алкараз во вториот сет за пласман во големото финале каде ќе се сретне против подобриот од мечот помеѓу Мусети и Де Минор.

Се вчитува...