Алкараз го донесе клучниот поен – Европа го освои Лејвер купот

Екипата на Европа го освои годинашното издание на Лејвер купот, откако во неверојатниот последен ден успеа да ја анулира негативата против тимот на Светот и на крајот да слави со вкупни 13-11.

Клучниот поен за тимот на Европа го донесе еден од најдобрите тенисер во светот, Карлос Алкараз кој во одлучувачкиот меч славеше над финалистот од УС опен, Американецот, Тејлор Фриц со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 7-5.

Покрај Алкараз во тимот на Европа беа и: Данил Медведев, Александер Зверев, Стефанос Циципас и Каспер Руд.

 

Се вчитува...