Алкараз: Го одиграв својот најдобар меч на Вимблдон

Карлос Алкараз го одигра најдобриот меч на Вимблдон славејќи над Рубљов со 3-1. Со оваа победа шпанскиот тенисер се пласираше во четвртфиналето на најславниот тениски турнир во светот и стигна чекор поблиску до одбрана на титулата.

Алкараз не го криеше задоволството по крајот на мечот велејќи дека ова за него била најдобрата партија во досегашниот дел од турнирот.

„Го одиграв мојот најдобар меч на турнирот досега. Се чувствувам неверојатно. Андреј има еден од најсилните удари, ако не и најсилен. Знаев дека од вториот сет ќе играм подобро, а кога направив брејк се се промени“, изјави Алкараз по крајот на средбата.

Во четвртфиналето Шпанецот го очекува меч против Нори кој славеше во последниот меѓусебен меч.

„Имавме многу тешки битки досега, тој секогаш не незгоден противник. Да играш против него е кошмар. Не сум воопшто изненаден што е во четвртфиналето, игра на високо ниво. Кога загуби во четвртфиналето во Квинс остана на терен и тренираше цел ден и цела ноќ. Го видов тоа и затоа не сум изненаден што е на завршницата на Вимблдон. Игра на домашен терен, се ќе биде на негова страна“, додаде младиот тенисер.

Се вчитува...