Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, е победник на АТП турнирот во Мадрид, откако денеска со 2-1 во сетови го совлада германскиот тенисер Јан-Ленард Струф.
Откако го доби убедливо првиот сет со 6-4, во вториот Германецот се врати и го доби со 6-3. Во одлучувачкиот сет, Алкараз покажа квалитет и го доби со 6-3 за конечен триумф.
Со тоа Алкараз ја потврди фаворитската улога на овој турнир. Моментално второпласираниот тенисер на светската листа, е еден од фаворитите и за Ролан Гарос, кој се игра од 28 мај до 11 јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

